Турција од денеска воведе визи за Сиријците кои влегуваат во земјата по воздушен или воден пат, настојувајќи на тој начин да го запре приливот на мигранти во Европа.
Визните рестрикции, нема да бидат применети кон сириските бегалци кои ја преминуваат по копнен пат сириско-турската граница бегајќи од судири во Сирија.
Овој чекор на АНкара има за цел да ги спречи Сиријците кои доаѓаат во Турција од други земји кои потоа би се обиделе по илегален пат да одат во Грција и понатаму во европските земји.
Претходно на Сиријците не им требаа визи за влез во Турција.
Во Турција моментално има повеќе од 2 милиони сириски бегалци, а вчера ЕУ соопшти дека Турција не прави доволно да го смали приливот на мигранти.