Од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Бајруш Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување.
Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции, потврди за Канал 77, директорот на затворот во Штип, Мики Тодоров. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври.
Како што дознаваме, привремениот прекин е од медицински причини.
Бајруш Сејдиу е осуден на казна затвор од 12 години. Во придружба на полицијата често беше носен на прегледи и интервенција во Клиничката болница во Штип. Пред три месеци, управата на штипскиот затвор одби да го пушти Сејдиу на погреб на неговата мајка, со објаснување дека таквата пракса е недозволива.
Ова е втор затвореник со звучно име како привремено го напушта штипскиот затвор. Неодамна, на викенд беше пуштен Кондовецот Агим Красниќи, осуден за изборни насилства