Тужбата од родителите на Антон Јелчин против Фиат заврши со спогодба


По скоро девет месеци од трагичната смрт на актерот Антон Јелчин, неговите родители постигнаа договор во судскиот спор со автомобилската компанија Фиат Крајслер, која ја тужеа поради несреќата.

– Компанијата Фиат Крајслер е задоволна од постигнувањето мирно, пријателско решение за овој проблем, соопшти Фиат.

Ѕвездата на поновите филмови од серијалот „Ѕвездени патеки“, Антон Јелчин, загина лани откако беше прегазен од сопствениот автомобил, којшто поради проблеми со сопирачките сам се придвижил по патеката пред неговата куќа. Јелчин имаше 27 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1