ТВ НОВА сведоштво: 8км пеш до урнатиот авион


Репортерот на ТВ Нова Александар Видиновски сведочеше за авионската несреќа кај Катланово. Во студиото во живо посочи дека добиле телефонски повик дека жители на мештани се јавиле во редакцијата и кај новинарите.vesti-00-avion

„Бучно ни се јавија дека слушнале звук на експлозија, што невообичаено за тој терен. Тргнавме околу 6 попладне – видовме полициска патрола по пат – се закачивме за на- калта ни ја пукна гумата, заглавивме. Ние всушност ги блокиравме полицајците да стигнат на лице место, ни помагаа да не извадат од длабоките бразди кал – ние бевме во близина – забележавме светла од ламби – и тргнавме пешки 4 км во еден правец“, изјави Видиновски.

„Мештаните подобро го знаат теренот стигнавме како што стигнавме – полицијата кога нѐ виде – ни забрани да снимаме, бидејќи го обезбедија теренот“.

„Ние осетивме мирис на керозин – врнеше – се беше на сите страни – снимавме и еве ги снимките, со парчиња од авион. Телата не ги видовме, мештаните ги видоа, ние кога дојдовме – институциите ги отстранија“, сведочеше Видиновски.

„Кога се враќавме, кучиња нѐ нападнаа – овчар ни помогна да излеземе живи“, рече Видиновски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1