Основниот суд Скопје 2 преку стечајната судијка Ирена Петрушевска и официјално го усвои барањето на 43 сегашни и поранешни вработени и отвори предстечајна постапка за ТВ Нoва. За на 22 јуни закажа рочиште на кое ке се расправа за стечај за телевизијата на Сеад Кочан „Нова“. Дотогаш телевизијата не смее да отугува имот. 43 поранешни вработени како доверители кои го бараат стечајот, бараат да им бидат исплатени сите плати и придонеси.
За привремен стечаен управник е определна Христина Јоновска, која треба да го заштити имотот на должникот со сите средства до донесувањето одлука за отворање стечајна постапка.
Телевизијата веќе неколку месеци емитува стара програма. Десетина новинари одамна заминаа од телевизијата поради неколку неисплатени плати. Сопственикот на телевизијата, Сеад Кочан, е обвинет во случајот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, за кого набрзо се очекува пресуда.