Твитувајте и по смртта – нова апликација


Со помош на новата апликација на социјалната мрежа “Твитер” , наречена “Ливес Он”од наредниот месец, корисникот и по смртта, доколку сака, ќе може на неговиот Твитер профил да се објавуваат “твитови”, во склад со неговата личност

271060-twitter-says-250-000-accounts-hacked-Кога вашето срце ќе престане да чука, вашата активност на твитер не мора да престане. Ова би можело да се нарече слободен превод на слоганот со кој се рекламира новата апликација “Ливес Он”.

Апликацијата со анализа на профилот на корисникот на социјалната мрежа ќе ја скицира неговата личност и карактер. Во склад со тоа ќе бидат објавувани “твитови” во негово име, ќе се разменува содржина и ќе се одржува конверзација со другите корисници на Твитер.

Оние кои тоа го сакаат, можат да именуваат личност која по смртта ќе го води нивниот профил или пак ќе може и да го деактивира.

Неодамна,  во Велика Британија беше организирана “твитер конверзација” со починати корисници на мрежата.
“Ливес Он” апликацијата е развиена на успешната платформа “Дед Социал” која беше претставена минатиот април. Во јануари минатата година во Израел беше претставена слична апликација наречена “Иф ај Дај”

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1