Уапсен Јуриз Чиж, еден од најбогатите белоруски бизнисмени


Еден од најбогатите белоруски бизнисмени Јуриз Чиж е уапсен под сомнение за затајување на данок од големи размери, соопштија белоруските власти.јенжи чиж

Апсењето на Чиж се смета за сигнал до големите компании дека ќе бидат казнети ако не придонесуваат на буџетските приходи, во време на голема економска криза во таа поранешна советска република.

На Чиж, сопственик на големата компанија „Трипл“, му се заканува казна затвор од седум години доколку биде прогласен за виновен.

Портпаролот на белоруската безбедносна служба, Дмитриј Побјаржин вчера изјави дека Чиж е уапсен заедно со уште неколку луѓе и дека се наоѓаат во притвор.

Чиж веќе 20 години е дел од тесниот круг на на соработници со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1