Уапсен копилот- сакал пијан да лета од Лондон до Токио


Уапсен е копилот на јапонската авиокомпанија JAL , кој бил пијан пред летот од Лондон до Токио.

Копилотот паднал на тестот на проверка на здивот непосредно пред полетувањето на релација Лондон – Токио. 42 годишниот Кацутоши Јацукава признал дека е виновен . Тој во крвта имал 10 пати повеќе алкохол од дозволеното. Копилотот е уапсен на лондонскиот аеродром Хитроу и е изведен пред суд каде признал дека е виновен.

Бил забележан дека е пијан од возачот на автобусот , кој го превезувал екипажот до авионот и кој намирисал алкохол . Возачот го пријавил копилотот во полиција . Тестот покажал дека Јуцукава има 189 милилитри алкохол во крвта што е десет пати над дозволеното. Признал дека вечерта пред летот испил два литра вино и кригла пиво .

Копилотот ќе биде задржан во притвор во Лондон до 29 ноември. Поради инцидентот , летот бил одложен за час и половина , по што компанијата им се извинила на патниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1