Уапсен македонски државјанин кој во име на ИСИС подготвувал терористички напад во Германија


Германската полиција уапсила три лица, двајца со турско и еден со македонско потекло, под сомнение дека во име на ИСИС подготвувале терористички напад со бомба во градот Офенбах, јавува „Еуроњуз“ на турски јазик.

Обвинител од Франкфурт, кој го води случајот, посочил дека станува збор за 24-годишно момче со потекло од Македонија и дека тоа е главиот осомничен. Тој се обидувал дома да ја направи бомбата и да купи оружје преку Интернет.

Другите две лица, со турско потекло, се на возраст од 21 и 22 години.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1