Полицијата го уапси манијакот кој утринава нападнал мајка на прваче во дворот на основното училиште Петар Поп Арсов во Карпош 4.
Инцидентот се случил околу 8 часот утринава откако мајката го оставила ученикот во одделението, по што во дворот била следена од непознато машко лице кој одел зад неа со откопчан шлиц, јавува Канал 5.
Младата жена го забележала и веднаш влегла во училиштето каде го повикала обезбедувањето кое истрчало по манијакот, а била повикана и полиција по што тој е уапсен.
Нема информации дали уапсениот е истиот манијак кој во мај годинава во оваа скопска населба нападна четири девојчиња.