Шпанската полиција соопштила дека во градот Аликанте го уапсила Британецот Брајан Колин Черингтон, опишан како „еден од десетте најбарани европски криминалци и лидер на меѓународна нарко банда”.
Во акцијата биле уапсени вкупно тринаесет лица, обвинети за шверц на дрога во Шпанија, наменета за продажба ширум Европа.
Полицијата во станот на Черингтон запленила 220 килограми кокаин и му ги блокирала банкарските сметки, имот и роба во вредност од пет милиони евра.
Апсењето на 57-годишниот Британец доаѓа по тригодишна истрага, во соработка со Венецуела, Колумбија, Аргентина и Британија и со подршка на АМЕРИПОЛ, меѓународна полициска агенција која ги обединува САД и 19 латиноамерикански и карипски држави.
Богатството на Черингтон се проценува на 20 милиони фунти, пренесуваат британските медиуми, а тој е третиот британски криминалец уапсен од шпанската полиција последниве три месеци.
Макфакс