Уапсен осомничен за нападот на амбасадата на САД во Бенгази


28-годишен Тунижанец е уапсен поради нападот врз конзулатот на САД во либискиот град Бенгази минатиот месец, каде животот го загуби американскиот амбасадор Кристифер Стивенс, потврди Министерството за внатрешни работи на Тунис.


Портпаролот на Министерството Таруш Халед изјави дека осомничениот Али Харзи се наоѓа во притвор во Тунис.
Халед рече дека тој случај сега се „наоѓа во рацете на правдата“, не наведувајќи други детали.
Во Стејт департментот немаа коментар за апсењето на Харзи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1