Уапсен познат очен хируг и прв синдикалец – фатен со обележани пари, мито?


Попладневно полицијата го уапсила очниот хирург Д. С. кај новата автобуска во Скопје.

stavrikjОчевидци кои го гледале апсењето потврдија дека му биле ставени лисици на рацете, а кај него наводно биле најдени обележани банкноти, јавува Либертас.

Портпаролот на МВР Иво Котевски потврди дека попладневно бил уапсен доктор, а повеќе детали најави за утре.

– Можам само да ви кажам дека приведен е доктор за сторено коруптивно кривично дело – изјави Котевски.

Докторот беше предводник на лекарските протести од минатата година кога лекарите се кренаа против проектот плаќање по учинок. Протестите траеја 40 дена. Дел од лекарите се откажаа од штрајкот, а доктор Ставриќ пред неколку месеци замина на работа во приватна поликлиника.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1