Полицијата денеска го уапси озлогласениот Арслан Пода од Грчец, организатор и предводник на повеќе криминални групи кои оперирале во земјава но и надвор од неа, јави Сител Тв.
Тој и неговите соработници се занимавале со продажба на дрога, кражби на возила, лихва и киднапирање бизнисмени. Заедно со Пода уапсен е и еден негов соработник.
Полицијата денеска извршила неколку претреси во селото Грчец. Групата на Пода пред извесно време била поврзана со киднапирање на македонски бизнисмен, а потоа за негово ослободување барала голема сума на пари.