Уапсен во Германија: Ленин од македонските „Ноќни волци“ заврши во затвор


„Денес ја почувствував демократијата на дело. Денес бев уапсен од германската полиција која ме спречи да присуствувам на прославата во Берлин по повод 70 години од победата над фашизмот“, напиша пред неколку часа на својот фејсбук профил Ленин Јовановски, лидер на „Ноќните волци“ од Македонија кои пред неколку дена тргнаа за Берлин.

Foto - facebook

Foto – facebook

Целата акција е иницирана од „Ноќните волци“ од Русија кои ги повикаа сите „браќа“ да им се приклучат на патот кон Берлин каде што ќе го прослават овој јубилеј, кога пред 70 години црвената армија го ослободи главниот град на Германија.

Оваа иницијатива не им се допаднала ни на германските, ни на полските власти кои веќе ги укинале визите на неколкумина руски моторџии.

Никој не очекуваше дека и македонски граѓани ќе бидат дел од оваа забрана.

„Ме држеа 4-5 часа во полициска станица. Сите мои браќа од Русија, Македонија, Бугарија, Чешка, Германија ме чекаа… Сепак, повисокиот орган на  бундес полис президиум-Потсдам, одлучи да бидам уапсен со заклучок дека сум претставувал голема опасност за Германија. Колегите го продолжија патот и утре сигурно ќе бидат на прославата во Берлин“, напиша ноќеска на својот фејсбук профил Ленин Јовановски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1