За серија тешки кривични дела меѓу кои и поседување на оружје и детска порнографија се сомничи екс директорот на ДБК Зоран Верушевски.
Верушевски вечерва е уапсен во полициска акција. Во моментов се вршат серија претреси на повеќе локации.
Press 24 објави дека Верушевски веќе е изведен пред Судија на претходна постапка.
Од полицијата засега само неофицијална потврдат. Повеќе детали се најавуваат за утре.
Зоран Верушевски важеше за кадар на кадар на СДСМ а со тогашната ДБК раководеше токму во времето на оваа партија. Го следеа серија афери, а во центарот на вниманието беше и неговиот син Александар кој во повеќе наврати имаше проблеми со законот. Уапсен е вечерва околу 22:30 часот со лисици на рацете и полициска придружба тој е изнесен пред истражен судија и јавен обвинител во Скопје.
ВИДЕО: ТВ Алфа