Уапсени 4 лица, а идентификувани уште 10 за нападот на полицајците во велешко


Приведени се 4 лица, а уште 10 други се идентификувани дека се дрвокрадците кои синоќа нападнале полициска патрола во велешко. Во текот на денот МВР врши претреси на повеќе локации за пронаоѓање на сите учесници во инцидентот. Министерот Спасовски очекува брза постапка и од обвинителството и насилниците соодветно да одговараат. Според него нападот врз полицаец е удар врз државата.

-Според сознанијата станува збор за граѓани од ромска националност од Прилеп. Ги нападнале полициските службеници со дрва, камења, буквално со се. Голем број на лица била. И таков однос не смее да се толерира, изјави Оливер Спаовски, министер за внатрешни работи.

При нападот беа повредени 5 полицајци, најтешко поминал командирот на станицата во Чашка. Од Клиниката за неврохирургија каде е хоспитализиран 48 годишниот пациент велат дека пациентот се здобил со неколку скршеници на главата и раката, но е надвор од животна опасност.

-Пациентот се здобил со повреди и скршеници на главата и лицето, како и скршеница на раката и неговата здравствена состојба засега е стабилна, изјави за Сител д-р Владимир Рендевски, директор на Клиниката за неврохирургија.

На лекување во велешката болница поради повредите во стомакот е задржан уште еден од петтемина полицајци, другите тројца кои исто така биле нападнати имале полесни повреди и пуштени се дома.

Насилството врз полицајците го осудија и од македонскиот полициски синдикат и Премиерот Заев. Според него ова е сериозно кривично дело и такви постапки нема да се толерираат.

Инцидентот се случил вчера околу 20 часот на стариот пат Велес-Прилеп преку Јасеново во близина на селото Степанци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1