Уапсена е шестчлена група косовски Албанци, осомничена дека подготвувала терористички напади. Полицијата верува дека се поврзани со терористичката мрежа Ал Каеда, пишува Sky.
Уапсените, како што јавува РТС, планирале напади на Гњилан и Приштина, а еден од уапсените војувал во Сирија. Исто така, за време на апсењето, во нивните домови пронајден е арсенал оружје.
Како што пишува весникот Зери, телефоните на уапсените се прислушкувани неколку месеци. Инаку, додава приштинскиот весник, групата од шест Албанци, од кои еден се вратил во Сирија, составена е од млади луѓе од Приштина и Гњилан.