Уапсени бегалците од СЈО, Горан Грујовски и Никола Бошковски


Доцна вечерва се уапсени ексначалникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски и Никола Бошковски, по кои полицијата трагаше повеќе од два и пол месеци со меѓународна потерница.

Според неофицијални информации тие биле уапсени во Солун. „Макфакс“ го контактираше МВР, но оттаму нема информации.

Двајцата се обвинети од СЈО за нелегално прислушување илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на системите со кои се прислушувало за да нема докази за масовното кршење на човековите слободи и права во предметите на специјалното обвинителство „Тврдина“ и „Таргет“, кои се споени во еден предмет.

Грујовски е главниот обвинет во „Тврдина“ и „Таргет“. Бошковски, пак, според обвинението, е извршителот на наредбите на тогашниот началник Грујовски.

И за двајцата Врховниот суд ја потврди мерката притвор. Бошковски е сведок во случајот „Таргет-Тврдина“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1