Најмалку тројца судии од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1 по налог на јавното обвинителство се приведени утринава од полицијата.
Веста ја потврди МВР.
Неофицијално, судиите биле приведени за злоупотреба на службената положба. Од Основниот суд Скопје 1 велат дека засега и тие чекаат повратна информација од полицијата за акцијата, а од МВР пак информираат дека детални за настанот ќе соопштат во текот на денот.