Министерството за внатрешни работи идентификуваше и приведе две лица за кои постои сомневање дека се извршители на насилството кое пред два дена се случи во Старата скопска чаршија.
Лицата се сомничат дека поради пуштање на македонска музика, влегле во кафулето „Њу Орлеанс“ и искршиле две стакла и компјутер кој бил сопственост на Диџејот. Кога вработената сакала да се јави во полиција лицата и го одзеле телефонот и го скршиле удирајќи го од земјата.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесе пријава и истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Од полицијата информираат дека и понатаму се работи на идентификување на останатите лица кои учествувале во инцидентот.