Оклопно возило на компанијата “Sector Security”, во септември лани било испразнето, кога шест членови на специјалната полиција од Република Српска од него украле 300 000 евра. Грабежот се случил на автопатот Бања Лука-Градишка, а во возилото се превезувале пари од “Уникредит банка”, кои требале да стигнат во филијалата во Загреб.
Специјалците биле упасени откако не ги поминале полиграф-тестовите, односно еден паднал на тестот, а двајца одбиле да бидат ставени на детекторот за лаги.
За време на грабежот, биле користени и автоматски пушки и ракетен фрлач, а во престрелката бил повреден еден член на “Sector Security”.. Имено, на автопатот Бања Лука-Градишка, специјалците гопресретнале оклопното возило од компанијата и по жестоката пресметка почнал грабежот.
Два дена по грабежот, автомобилот со кој се возеле специјалците бил пронајден во шумата, близу автопатот. Обвинителството во Р.Српска бара мерки притвор, а се до донесување одлука, тие ќе бидат задржани 24 часа во полициска станица.