Уапсените терористи во Косово планирале да фрлат отров и во водите за пиење во Македонија


Петмината припадници на џихадистичката ИД, кои беа уапсени во Косово, бидејќи планирале теористички напади во регионот,носеле отров, знаме на ИД, маски и ракавици, јави Коха.нет.

– Според Сабрије Јашари, адвокатка отровот бил пронајден во чантата на нејзиниот клинет Енис Латифи, од Витина, кој е еден од упасените.Таа уште потврди дека во чантата имало и знаме на ИД, маски и ракавици, но не можеше да даде детали за каква отровна супстанца станува збор, пишува Коха нет.terorist id

Во вчерашната акција најпрво беа уапсени тројца, на магистралниот пат Приштина – Гњилане кај езерото Бадовац, а подоцна и другите двајца нивни партнери по што под силно полицико обезбедување се пренесени во Приштина.

Како што јави Коха.нет покрај Енис Латифи уапсен е и братучед Бесник Латифи од Витина, потоа Газменд Халили и Милазим Хаџијај од Исток. Се дознава дека петиот уапсен е македонски државјанин Беким Фидани.

Претседателот на Основниот суд во Приштина, Хамди Ибрахими, изјавил дека распитот ќе трае до доцна вечерва.

Петмината уапсени биле повратници од Сирија. Како што објавуваат медиумите во Приштина, тие планирале крвави напади со многу жртви во Косово, но и во Македонија. Се појавија шпекулации дека нивна прва задача била да ја затрујат водата во езерото Бадовац, од каде се снабдува половина Приштина, поради што тој дел на косовскиот главен град, беше без вода. Но, извршените анализи утврдија дека водата е исправна. Се сомневаат дека планот на терористите било да почнат систематски да ги затрујат одредени извори во Косово но и во Македонија, но нема подетални информации. Истражителите се уште чешлаат се што нашле кај уапсените за да најдат докази за нивните евентуални планови

Косовските медиуми денеска преносоа дека тероритсите планирале отров да фрлат и во главниот резервоар во Урошевац.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1