Убава, здрава и среќна, а починала од таблети за слабеење ФОТО


Здравствената работничка Кара Рејнолдс била среќна и здрава девојка. Имала желба да намали мал вишок килограми и преку сајтот Амазон купила пакување „природни суплементи за слабеење“ кетони од малини, кои ги платила 20 фунти.

По раскинувањето со свршеникот, Кара проголтала голема количина од тие таблети кои содржеле огромна количина кофеин еднаква на 225 конзерви енергетки пијалак! Починала поради огромна количина непроверени и нетестирани суплементи кои очигледно не поминуваат низ сите неопходни проверки.78643_kara-fb_630x0

Кара ги купила суплементите преку интернет во фебруари иако нејзиниот татко Мајкл се противел.

– Носеше конфекциски број 38, воопшто не беше дебела, туку нејзиниот проблем беше од психолошка природа, синдром на искривено огледало. Ми рече дека таблетите се на природна база и мислев дека не треба да се грижиме – рекол нејзиниот татко.

Откако раскинала со свршеникот, Кара проголтала голема количина таблети. Итната помош се обидела повеќе од 40 пати да и го реанимира срцето, но за жал, не успеале да ја спасат. Лекарите на нејзиното семејство му соопштиле дека починала од преголеми количини непроверени и нетестирани суплементи кои очигледно не поминуваат низ сите неопходни проверки. По неколку месеци, семејството на Карина одлучно е во борбата да се спречи производството и дистрибуција на кетон малини.

– Кара денес би била жива да не можеше така лесно да дојде до такви таблети – рекол Мајкл.

Според неговите зборови, ваквите производи се наменети токму за маладите, ранливи девојки кои имаат проблем со сликата за своето тело. Претставникот на компанијата „Forza“ се огласил во оваа прилика и изјавил дека искрено му е жал поради овој трагичен настан но дека компанијата не може да превземе одговорност, бидејќи таа несреќа можела да се случи со било кои суплементи.
– Многу ми е жал поради загубата на семејството Рејнолдс, но таа млада девојка починала од премногу голема количина таблети, а не поради нивното дејство. Нашите производи поминуваат низ ригорозни проверки и потполно се безбедни – истакнал тој.

Кара во фебруари купила пилули преку интернет. Кога ги испила првите две се загрижила бидејќи срцето почнало силно да и чука. Тогаш одлучила повеќе да не ги зема. Но, месец дена подоцна, добила напад и мајка и ја нашла како лежи на подот, покрај празната кутија со таблети. Истрчала да повика итна помош, а татко и ја држел во раце и ја прегрнувал.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1