Убиен 31-годишник во Љуботен


Џеваир М. (31) од село Раштански Пат бил убиен вчеравечер со огнено оружје во инцидент кој се случил во селото Љуботен близу џамијата, дознава Плусинфо од МВР.Soobrakajci-policija

Случајот во полиција го пријавиле лекари од специјалната хируршка болница „Свети Наум Охридски“ (стара Градска) во 22.15 часот. Тие рекле дека Џеваир бил донесен во болницата со рани од огнено оружје, при што констатирале смрт.

МВР во моментот има еден осомничен за убиството по кого трагаат, а во полициска станица се вршат разговори со неколку лица.

Наскоро се очекуваат повеќе детали.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1