Висел над провалија – непознат маж го извлекол во последната секунда


Полицијата во Ајдахо трага по човекот кој извлекол возач од автомобил кој висел од карпа. Несреќата се случила вчера во околу 8 часот наутро во Луистон, на патот кај Кањонот Брајден.

23-годишниот возач, Метју Ситко, “прелетал” низ двор и две тераси пред да налета на оградата. Таа го задржала возилото, кое останало да виси на карпата.heroj-policija-ajdaho-01

Во тој момент се појавил мистериозниот спасител. Со камен го скршил прозорот од автомобилот и го извлекол момчето. Откако го одвлекол на сигурно, набрзо пристигнала и полицијата и итната помош.

“Рече дека мора да оди”, изјавил еден од полицајците.

Момчето било префрлено во болница, каде што заздравува од полесните повреди.

Сведоците велат дека Ситко возел неконтролирано и дека нагло свртел за да избегне друг возач кога се случила несреќата.

Истрагата за несреќата сè уште е во тек.

“Добро утро на сите. Денес Бог ме благослови. Им благодарам на Бог и на Исус што се грижат за мене. Ве сакам!”, напишал Метју кратко по несреќата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1