Уште еден Албанец е убиен на боиштата во СиријаСтанува збор за Алмир Даци од селото Лешница кај Поградец, поранешен самопрогласен имам на селската џамија, чија смрт ја потврдиле неговите родители.
Според Судот за тешки кривични дела во Тирана, Даци се смета за еден од највисоките раководители на џихадистичките ќелии во Сирија.
Албанските власти имаа распишано меѓународна потерница по Даци за регрутирање и финансирање на тероризмот, пропаганда и терористички напади.
Алмир Даци (33) на боиштата во Сирија заминал пре две години заедно со неговото семејство.
Во јуни минатата година тој се појави на видео снимка на интернет со заканувачка порака кон Албанците.
Неодамна татко му за албанските медиуми изјави дека телефонски разговарал со синот пред Нова година и при тоа го осуди неговото екстремистико делување
Во редовите на џихаистите се борат најмалку 100 албански државјани. Досега е потврдна смртта на дваесеттина Албанци во Сирија.