Убиен Командант Шќипоња – кандидат за претседател на ДУИ во Куманово


Првичните неофицијални информации по оружениот инцидент во  кафуле во кумановската населба Бедиње, говорат дека во нападот бил убиен Џемаил Реџепи викан и командант Шкипоња.shqiponja_941102222

Според изјави на очевидци, врз Реџепи и уште две лица кои биле со него, било пукано од автоматско оружје од возило во движење.

Џемаил Реџепи е еден од кандидатите за претседател на огранокот на ДУИ во Куманово, но изборот одел бавно заради внатрепартиски несогласувања.

Инаку, во моментот на нападот врз Реџепи на маса со него седеле и Шефки Реџепи и Гани Демири, кои биле ранети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1