Пукал од автомобил кон кафич во Куманово – еден загинат и еден ранет


Во престрелка во Куманово застрелани се најмалку две лица. Според информациите на „Телма“ едното лице починало од повредите на лице место.

Вториот повреден по укажаната помош во кумановската болница е упатен во клиничкиот центар во Скопје.KUMANOVO_

Инцидентот се случил околу 15.30 часот во кумановската населба Бедиње. Непознатиот извршител од зелен мерцедес во движење истрелал рафал кон угостителски објект пред кој биле двајцата погодени, пренесе Телма.

Според информациите на телевизијата, од лице место, едниот маж починал од повредите пред објектот, а  вториот со повреди по телото и нозете е префрлен во Скопје. Напаѓачите избегале со автомобилот.

Од СВР Куманово потврдија дека имало престрелка и дека полицијата е замината на местото на настанот. Детали за жртвите не соопштуваат од кумановската полиција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1