Убиен најпознатиот “гребатор”: 100 пати побегнал од ресторан без да плати!


35-годишниот Тајтус Кларис, Белгиец од Гент, кој својата “слава” ја стекнал како човек кој повеќе од 100 пати побегнал од луксузен ресторан без да плати оброк, бил пронајден мртов во својот стан. Кларис бил избоден со нож, а истрагата треба да покаже дали неговата смрт имала врска со неговата лоша навика, поради која веќе бил принуден да лежи 6 месеци во затвор и да плати казна од 1.650 евра.

titus klarisКларис имал навика да влезе во некој од најдобрите ресторани, мирно да си нарача најскапи оброци од менито, првокласен шампањ и десерт, за на крајот ладнокрвно да стане да замине и да не ја плати сметката.

Дали некој од сопствениците на рестораните заклучил дека конечно претерал? Дали бил убиен со кујнски нож. Што јадел како свој последен оброк? Тим Жори, шеф на Здружението на хотелиери и угостители во округот Гент, смета дека убиецот не се крие меѓу неговите колеги.

“Го пцуевме често, секако. Но убиство не би имало никаква смисла”, вели тој.

Познато е сепак, дека Кларис живеел од социјална помош и дека се дружел со сомнителни лица, па причината за убиството веројатно треба да се бара таму.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1