Убиен синот на поранешниот претседател на Германија – избоден за време на предавање


59-годишниот Фриц фон Вајцзекер, син на поранешниот германски претседател Рихард фон Вајцзекер, е убиен на приватна клиника во Белрин.

Вајцзекер држел предавање за црниот дроб кога после 55-та минута од публиката скокнал човек и го избодел.

Уште едн маж, инаку полицаец кој приватно присуствувал на предавањето, бил исечен порацете и горниот дел од телото.

Засега не се знае мотивот на нападот, но се претпоставува дека напаѓачот имал психички проблеми. Полицијата извршила претрес во неговиот стан, но не било пронајдено ништо сомнително. Подоцна во текот на денот бил однсен на психијатриска проценка после што ќе се донесе одлука за притворот.

Веднаш после нападот присутните брзале да му помогнат на Вајцезекер, но оживувањето било залудно. Убиецот го држеле додека не дошла полицијата.

Колегите на докторот Вајцезекер биле во целосен шок, а многу и плачеле.

Инаку, Вајцзекер од 2005 година бил главен лекар на одделението за Интерна медицина во приватната клиника „Шлоспарк“ во која е и убиен,

Неговиот татко од 1981 до 1984 година бил градоначалник на Берлин, а потоа од 1984 до 1994 година и претседател на Германија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1