Во моментот на убиството се слушнале повеќе истрели, а неколку минути подоцна пронајдено е и телото на жртвата со неколку прострелни рани. Телото било забележано од соседите во околните згради и случајните минувачи.
Според првичните информации, две лица по извршеното убиство избегале од местото и се претпоставува дека тие се извршители.
Жртвата имала две прострелни рани – на главата и на телото. На градите на убиениот полицајците пронашле оставено метро.
Неофицијални информации говорат дека по пукањето две лица побегнале од местото на настанот. Телото, полициските службеници го пронајдоа во паркот кај киното Бутел.
Се уште нема информации за идентитетот на убиениот