Почина момчето од Скопје што падна во провалија кај Бабуна


Почина момчето кое планинареше на Јакупица и кое падна во бездна длабока 20 метри. Неговото тело доцна попладне беше извлечено од бездната. Засега не се открива идентитетот, додека семејството не биде известено, но се дознава дека станува збор за 24 годишно момче од Скопје, јавува Телма.

babuna_izvoriНесреќата се случила, денеска, околу 13.30 часот во близина на планинарскиот дом Чешлес на планината Јакупица. Планинарот падна од карпа во бездна, длабока околу 20 метри. Несреќата ја видел млад планинар – рекреативец. Тој поради непристапниот терен, не можел да помогне, а во тој дел нема телефонски сигнал, па пешачел сат и половина за да пријави во полиција. Потоа биле алармирани и останатите гости во планинарскиот дом „Чеплес“. Тие започнале акција за спасување. МВР испрати хеликоптер.

– Полициското летало замина во 15.30 часот во акција за спасување на несреќниот планинар. Несреќата се случила на многу стрмен и непристапен терен. Пријавена во СВР Велес беше околу 14.40 часот. Одтогаш се преземаа сите можни активности за пронаоѓање и спасување на планинарот кој доживеал несреќа, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Според првичните информации на очевидецот на несреќата, таа се случила откако тие се сретнале и поразговарале. Несреќниот планинар паднал во бездна длабока околу 20 метри, на околу еден километар пред планинарскиот дом „Чеплес“ во близина на реката Бабуна.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1