Идентификуван убиениот во скопски Бутел – се трага по убиците


 Убиениот маж чие тело беше пронајдено во саботата попладне во паркот во скопската населба Бутел е идeнтификуван како 46-годишниот Зекир З. од Гостивар, кој бил усмртен со неколку истрели од огнено оружје.

mrtov-2Од Министерството за внатрешни работи велат дека Зекир З. бил усмртен со повреди нанесени од огнено оружје во главата и телото, а на местото на убиството биле пронајдени пет чаури кои се предадени на вештачење.

Истрагата е концентрирана на откривање на причини за престојот на гостиварецот во Скопје, како и за можните мотиви за неговото убиство. Засега не е познат идентитетот на сторителот, а како што соопштија од полицијата се работи на негова идентификација и пронаоѓање.

Според очевидци од местото каде што беше пронајдено безживотното тело на Зекир биле забележани како се оддалечуваат две лица, по кои полицијата трага како лица кои можеби се инволвирани во инцидентот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1