Младата руска манекенка, 17-годишната Стефанија Дубровина била пронајдена мртва, а на нејзиното тело имало 140 убоди од нож, очите ѝ биле ископани и ушите отсечени.
Страшното злосторство кое се случило на 24 февруари, го извршила нејзината 2 години постара сестра Јелисавета (19). Со истрагата било утврдено дека постарата сестра била по влијание на наркотици и алкохол кога го извршила злосторството, а дека причина била љубомора.
Стефанија често позирала разголена за разни списанија, и како што пренесува „Дејли меил“, Јелисавета се обидела да ја кoпира сестра си со иста шминка и боја на коса.
Телото на убиената манекенка било пронајдено во стан на еден 42-годишен маж во Санкт Петербург. Тој излегол да купи пијалаци за забава, а Јелисавета ја нападнала сестра си со нож.
Еден пријател тврди дека сестрата на Стефанија отсекогаш била „по малку луда”, и дека неколку пати била лекувана во психијатриска болница.
– Постојат фотографии од нив две како се прегрнати, но се гледаше дека Јелисавета и завидува на помладата сестра – изјавил тој.
Девојките порасналe како сирачиња во големо семејство со други деца без родители и имале многу тешко детство.