Женски труп бил пронајден вчера околу 12:05 часот во објект во Кавадарци.
Според првичните информации, по пријава на случајот извршен бил увид, при кој е констатирано дека на телото на жената на возраст од околу 50 години се забележани траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено во Институтот за судска медицина на обдукција.
Во врска со настанот во текот на вчерашниот ден едно лице е задржано во просториите на полициската станица во Кавадарци.