Убиена жена во Кавадарци


Женски труп бил пронајден вчера околу 12:05 часот во објект во Кавадарци.

policijaСпоред првичните информации, по пријава на случајот извршен бил увид, при кој е констатирано дека на телото на жената на возраст од околу 50 години се забележани траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено во Институтот за судска медицина на обдукција.

Во врска со настанот во текот на вчерашниот ден едно лице е задржано во просториите на полициската станица во Кавадарци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1