Во скопската населба Пржино вчера вечерта била убиена 77-годишната Елица Ј.
Жената била пронајдена мртва, а првичната истрага покажала дека на нејзиното тело имало траги на насилство поради што полицијата случајот најверојатно ќе го води како убиство.
МИА јави дека според првичните сознанија, има едно осомничено лице на возраст од 48 години и според непотврдени информации, се работи за нејзиниот син.