18 се косовари – 30 дневен притвор за 30 членови на терористичката група


Вчера во неколку одвоени групи беа спроведени вкупно 30 лица осомничени за повеќе кривични дела по предлог на основното обвинителство за организиран криминал и корупција за определување мерка притвор.

Станува збор за 18 лица државјани на Косово, 2-ца македонски државјани со привремен престој во Косово, 9 лица државјани на РМ и едно лице албански државјанин со престој во Германија. Повеќето од нив изјавиле дека во Македонија се влезени по илегален пат.makedonski-teroristi-5-670x4881-620x350

Сите 30 лица се со предлог за определување мерка пртитвор од ОЈО за организиран криминал и корупција и тоа: 23 лица заради основано сомнение дека ги сториле кривичните дела: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, здружување заради непријателска дејност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје.

Останатите 7 лица поради основано сомнение за сторени кривични дела: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста и здружување зсаради непријателска дејност. По спроведување на осомничените лица во скопска единица, поединечно за секое лице во присуство на адвокат и овластен преведувач кој беше повикан по нивно барање, судија на претходна постапка ги разгледа доказите и фактите, приложени од

Обвинителството за организиран криминал и корупција и оцени дека се исполнети условите за определување на мерка притвор на сите 30 осомничени во траење од 30 дена.

Screenshot_195

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1