Се дигна и Приштина: Специјалците РОСУ на границата со Македонија!


По настаните во Куманово, и инфорациите дека во терористичката група имало и косовски државјани, Косово ја засили контролата на границата со Македонија, јави косовската телевиизија.

kosovo specijalci

Од синоќа на полноќ големи полициски сили, главно припадници на специјалната единица РОСУ, се распоредени на границата. Специјалците биле распоредени во две групи, дел од нив се стационирани кај преминот Хан Елези- Блаце, додека другите на граничниот премин кој ги поврзува Косово со Србија и Македонија, во близина на Гљилане.

-Полиција ќе го мониторира минувањето на границата по инфoрмациите дека граѓани од Косово учествувaле во вооружениот судир со македонските бебедносни сили во Куманово, – пренесува истиот извор.

На донесувањето на одлуката за распоредување на специјалците на косовско-македонската граница претходеше средба на претседателката Атифете Јахјага со премиерот Иса Мустафа и министерот за внатрешни работи, Скендер Хисени, на која станало збор за „актуелната безбедносна состојба во Косово и последните случувања во Република Македонија“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1