Работа: Лежење на трева … Плата: 1.000 евра за две недели


Огласот за работното место „тревочувар“ кое на порталот „Moj posao“ го објави фирмата „Husqvarna“ предизвика големо интересирање од бројни кандидати, а зошто да не би, кога за речиси две седмици можат да се заработат 7.500 куни ( речиси 1.000 евра).sonce relaks

„Бараме некој кој добро се снаоѓа на социјалните мрежи, кој ќе внимава тревната површина да изгледа одлично“, објаснува Мартина Дрезга, директорка на компанијата Дрезга, која ја застапува Husqvarnu во Хрватска.

„Ние не бараме личност да коси трева, бидејќи тоа ќе го прави нашата роботска количка. Личноста која ќе ја чува тревата треба само да биде во близина и да надгледува како работи косилката“, истакнува таа.

Таа додава дека уште една од задачите на работникот низ интеракција со луѓе да го промовира нивниот производ на социјалните мрежи.

За пријавување на конкурсот, потребно е Хрватите да испратат биографија и фотографија од омилениот тревник, проследено со креативно објаснување зошто токму тој најмногу им се допаѓа.

365.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1