Триесет и три годишниот Марко Миличев вчера е обвинет дека на 25 јули предизвика тешка сообраќајна несреќа во која загина 21-годишниот Лука Јовановиќ, дознава српски Ало.
Тој ќе се терети за тешко дело против бебедноста на јавниот сообртаќај, ќе биде казнет за непружање на прва помош на лицето кое е повредено во сообраќајната несреќа, за што му се заканува од 10 години и 11 месеци затворска казна.
Покрај Марко, обвинет е и неговиот кум Братислав Вешовиќ Вешо и таксистот Саша Јанковиќ, кои се теретат за помагање.
На Миличев вчера му беше продолжен притворот кој му е одреден на 19.август. За Миличев беше распишана потерница, бидејќи беше во бегство, и беше усапсен на 29. август во Кина.