Убиецот на синот на Бил Козби му испрати писмо за поддршка


Во јануари идната година ќе се навршат 19 години откако е убиен синот на Бил Козби, а неговиот убиец неодамна испрати писмо од затвор.

На ден 16.01.1997 година Енис Козби во Лос Анџелес одел да го посети пријателот кога му пукнала гума на автомобилот. Енис поради тоа застанал покрај патот “Интерстате 405“ за да смени гума. Тогаш му пришол млад украински мигрант Микаил Мархашев, вперил пиштол во него, побарал пари, му пукал во главата и избегал. Матхашев подоцна е уапсен, обвинет за виновен за убиство и осуден на доживотен затвор без право на условна слобода. Мархашев по пресудата го признал злосторството и го молел семејството на Бил Козби да му прости.bill-cosby-son-ennis-cosby-murder-pp

Неодамна Мархашев испрати писмо за “Радар Онлајн“ во кое тврди дека наводите кои се излагаат во книгата “Саканото дете на Козби“, дека Козби е одговорен за смртта на синот, поради тоа што сакал да спречи да се обелодени дека му е вонбрачно дете, се лажни.

Единствената грешка на Енис е таа што се најде на патот на идиот како што сум јас. Таа неразумна трагедија на неговата прерана смрт која ја почувствува неговото семејство е нешто незамислива“, напишал Мархашев.

Микал го сторил злосторството како тинејџер, а моментално ја издржува доживотната казна. Во отвореното писмо, тој исто така изразува сочувство кон Козби кој е обвинет за сексуални напади врз повеќе од 50 жени.

Што се однесува до господинот Козби, тој беше милостив кон мене повеќе од што заслужувам. Се молам за него и неговото семејство како из а сите жени кои биле жртви“, напишал тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1