Убиецот на Тијана Јуриќ бесрамно ја промени изјавата


Монструмот Драган Ѓуриќ за време на судењето се обидел да се оправда зошто го сторил злосторството и ја убил 15-годишната Тијана Јуриќ, јавува српски Курир.

-Бев пијан. Испив премногу пиво, бесрамно се бранел монструмот кој на 26.јули минатата година ја киднапираше, по што ја силуваше и брутално ја уби малата Тијана.tijana zatvor

Претходно, Драган тврдеше дека пиел ракија. Поради неговата нова изјава судот издал наредба да се утврди колку тој бил пијан. На монструмот Ѓуриќ му се закануваат 40 години затвор.

Истрагата во меѓувреме напредува, собрани се останатите докази и вештачења, се чека само уште вештачењето од Центарот за судска психијатрија во Нови Сад, кое треба да покаже колкав страв претрпела жртвата.

Но, доколку овие вештачења не бидат готови до 7.февруари, кога истекуваат шест месеци од апсењето на убиецот, Вишиот суд во Суботица ќе покрене обвинение против него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1