Почина кралот на Саудиска Арабија


Кралот Абдула почина синоќа на 90 годишна возраст, кој веќе неколку недели беше во болница со дијагноза воспаление на белите дробови.

Починатиот крал Абдула беше тринаесеттиот, од 37-те синови на кралот Абдулазис (Ибн Сауд). Роден е во август 1924 година во Ријад.kral

На саудискиот престол беше од 2005 година, кога го наследи својот полубрат, кралот Фахд. Но кралските должности Абдула ги водеше уште од 1995 година,откако неговиот претходник,Фахд претрпе мозочен удар,по што остана постојано изнемоштен.

Смртта на кралот Абдула кој важеше за реформист и умерен во рамките на кралското семејство Сауд, доаѓа во тешко време за земјата од 29 милиони жители и која е клучен сојузник на Соединетите држави на Блискиот Исток.

Светските лидери изразија сочувство за смртта на кралот Абдула.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1