Убиецот на Тијана силувал две девојчиња пред да ја убие -таткото на Тијана ги бара


Монструмот Драган Ѓуриќ нападнал уште три девојчиња, од кои две малолетнички силувал, пишуваат српските медиуми

Tijana-Dragan-500– Тијана не е прво и единствено дете кое Драган Ѓуриќ го нападнал. Тој во секоја смисла е злосторник и должен сум и на Тијана на него да му биде одредена максимална казна. Дознав дек Ѓуриќ порано нападнал три девојчиња, од кои две силувал. Решив да ги пронајдам нивните татковци, еден е месар од местото Алекса Шантиќ, а друг е полицаец кој живее во Нови Сад. За тие два случаја незнам дали постојат судски траги, но се случиле и ќе проверам се што можам- открива за Блиц, таткото на Тијана, Игор Јуриќ.

За третото девојче, на таткото на Тијана завчера му раскажало момчето М.Т. (25) од Мишичево кај Суботица. Имено како што тој раскажал, Ѓуриќ пред седум години во дискотеката Одисеја во Бајмак, ја нападнал и влечел К.В. која тогаш имала 15 години. Момчето се присетило дека  тој бранејќи ја другарката ја оттргнал од Ѓуриќ, но тој тргнал по нив.

– Ми рече дека девојката ми е многу убава. Му реков дека таа ми е другарка. На мојата молба да не остави на мира, Ѓуриќ истури пиво по мене, а кога го бутнав, ме удри со шишето пиво по глава, ме фати околу струкот, ме подигна од земјата и тепаше – вели ова момче.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1