Убиецот на Тијана ужива во затворот: Си јаде мармалад и чај!


Монструмот Драган Ѓуриќ, кој брутално ја уби 15-годишната Тијана Јуриќ, до денеска никој не го посетил во затворот во Суботица, а за тоа време како што пренесува српски Телеграф, тој ужива во чај и мармалад.

bajmok-ubistvo– Не е во самица, сместен е сам во повеќекреветна соба со оглед на тоа што моментално во затворот има слободни места и не би ризикувале останатите затвореници да го нападнат. Ни овде засега не покажува никакви емоции, не разговара ни со чуварите и до сега немаше никакви барања. Од петокот е во ќелијата, но до денес никој не го посетил, дури ни мајка му, рекол извор од затворот за Ало.рс.

Покрај вратата на ладнокрвниот убиец постојано има еден стражар со кој исто така не комуницира освен кога зема храна, пишува порталот.

– За појадок јадеше меснен нарезок и јајце, мармалад и леб и испи чаша чај, додека за ручек имаше зелка со месо, леб и салата. Секој оброк го прими и изеде без ништо да каже, додал тој.

Од затворот изјавиле и дека Драган не барал ништо и не прашувал ништо што се однесува на неговиот престој во затворот.

– Драган само јаде и спие и се однесува прилично незаинтересирано, заклучил соговорникот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1