Убиецот на угостител во Кичево се обидел да силува и стружанка


Убиецот на сопственикот на угостителскиот објект „Гурман“ во Кичево и уште едно лице се осомничени за обид за силување и разбојништво во Струга.

СВР Охрид соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „силување во обид“ и „разбојништво во обид“, криминалистичката полиција при полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднела кривична пријава против Ј.Х. (47) од гостиварското село Ќафа и М.Р.(25) од Пеќин, Република Албанија.

– Казненото дело го извршиле на 31 декември минатата година околу 18 часот, во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Откако заминале сите присутни во обложувалницата, двајцата пријавени физички ја нападнале вработената К.М.(38) од Струга, а потоа и го барале клучот од касата, стои во соопштението на полицијата.

На пријавениот Х.Ј. од гостиварското село Ќафа, на 2. јануари, изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена, поради сторено казнено дело „убиство“ извршено на 29 декември минатата година во угостителски објект во Кичево.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1