Убијците се на слобода – Жената на убиениот Џон Гашовски бара помош од граѓаните


Сопругата на убиениот македонец Џон Гашовски од Австралија, Џеки, за прв пат побара од јавноста да и помогне во потрагата по убиецот. Пред медиумите таа ја сподели болката на семејството. Бизнисменот Џон Гашовски по потекло од Битола исчезна на 9 јуни и по неколку дена беше пронајден мртов на планината Џамберо јужно од Сиднеј. Полицијата нема траг, кој му пукал на Гашовски во главата и зошто, пренесува Алфа.

art-gavoski-620x349-,,Стојам пред вас како жена што го изгубила сопругот, како мајка на 4 деца што го изгубија својот татко. Болката по загубата на Џон не може да се опише.Беше човек со добро срце и некој одлучи да ни го одземе засекогаш.Јас знам дека полицијата не може да ни го врати но може да го донесе сторителот пред лицето на правдата.Ако имате било каква информација, помогнете и на полицијата„-изјави Џеки Гашовски
Шефот на одделот за убиства вели дека полицијата сеуште нема мотив за убиството на 48 годишниот Гашовски.
Во недостиг од докази полицијата и се обрати на јавноста за помош. Она што е познато од истрагата е дека пред да замине по работа во Камбера пиел пиво со пријателите во локален бар. Дека ќе оди на службен пат и ќе се врати следната вечер и кажал на својата сопруга Џеки во нивното последно слушање на мобилен.Гашовски е 4-от македонец од Австралија застрелан од криминалното подземје
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1