Една година по смртта на тетовецот Крсте Стерјоски, кој беше претепан до смрт од двајца сограѓани Албанци, неговите роднини и пријатели денеска пред Основниот суд во Тетово, организираа мирен протест. Незадоволни се од донесената судска пресуда, со која напаѓачите добиле премала казна.
Во Основниот суд во Тетово не сакаа да коментираат. Само приложија информации за пресудата, според која браќата Луис и Фарук Биљаљи, се прогласени за виновни за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици и осудени на вкупно четири години затвор.
Инаку, Крсте Стерјоски почина во јули минатата година, откако браќата го пресретнале во близина на неговиот дом и го претепале. Тогаш се шпекулираше дека претепувањето било поради паркинг, но вистината се уште не се дозна.